You are here Home

Инфо

Е-пошта Печати PDF

Arte Nova uslugi


,,Арте Нова” ДООЕЛ е фирма која со работа официјално започна во март 2008, и со брзо темпо го зазема своето место на македонскиот пазар за мебел. Фирмата постојано се развива и специјализира во проектирањето, изработката и монтажата, главно на корпусниот мебел.

На простор од 2000 m², во современа зграда и современи услови за работа, се сместени изложбениот простор, одделението за проектирање и одделението за производство.

Целокупното производство е машинско, користејќи ги најсовремените технологии, еколошко чисти и висококвалитетни матерјали.

Нашите инжинери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирањето, изработката и монтажата на мебел, ќе Ви помогнат да бидете задоволни од Вашиот дом.

Следејќи ги современите текови од областа на мебелот, Арте Нова го доближува модерното и функционалното, повеќе од кога било, што се гледа во нашите кујни, спални, детски и дневни соби, канцеларии и сл.

,,Арте Нова” ДООЕЛ постојано ја усовршува производствената линија и се стреми кон врвните светски стандарди и квалитет.